X
 13.07.2015 Технологија

Аларматно: Центри за рехабилитација за децата зависни од видео игри

Се чини дека претераното играње на видео игри меѓу децата во Кина станува алармантно. Ова е важно и за сите други родители ширум светот чиишто деца поминуваат часови пред екраните.

 

деца


Се случува децата да играат видео игри и по 12 часа на ден, често без пауза за ручек, сон или одење во вц. За многумина, реалниот свет започнува да изгледа лажен, а она што се случува на екран за нив станува реалност.

Кинеските лекари веруваат дека овој феномен е клиничко нарушување поради кое започнаа да отвораат центри за рехабилитација кадешто зависните адолесценти се третираат со месеци, понекогаш со драконски терапии, целосно изолирани од медиумите, меѓутоа нивната ефикасност допрва треба да се покаже.

Додека зависноста од интернетот се`уште не се смета за клиничко нарушување, нема сомнежи во фактот дека децата поминуваат часови и часови на интернет многу повеќе отколку што експертите сметаат дека е добро за нормален развој.

Користењето на електронски уреди започнува уште додека се мали, и тоа пред децата да започнат да зборуваат бидејќи родителите им даваат мобилни телефони и таблети за тие да се збаавуваат во период кога треба да го набљудуваат светот околу себе и да се дружат со оние кои се грижат за нив.

Многу родители имаат правила за употребата на уредите за своите деца и адолесценти, меѓутоа од друга страна постојат родители кои се благодарни на ваквите уреди бидејќи тоа е еден лесен начин за да ги смират немирните деца во текот на денот и да не им пречат во нивните активности, несвесни за потенцијалната штета.

Пред втората година, децата не смеат да бидат изложени на никаков електронски медиум, велат педијатрите. Мозокот на детето се развива брзо овие први години, а малите деца се учат и се асимилираат дружејќи се со возрасните, а не со екранот.

Постарите деца и тинејџерите не треба да поминуваат повеќе од 1 до 2 часа дневно пред екран и тоа по можност со квалитетна содржина. Тие повеќе време треба да поминат на отворено со игра, читајќи книги, занимавајќи се со хоби велат педијатрите.

Преголемата употреба на електронски уреди има видливи негативни ефекти врз однесувањето на децата, врз нивното здравје и врз успехот на училиште. Оние кои гледаат симулирано насилство, вообичаено во многу популарни видео игри, можат да станат имуни на насилството, нечувствителни и можат да започнат да се однесуваат насилство без сочувство за другите.

Децата треба да знаат дека животот е убав надвор од екраните. Оние кои се зависни од електрониката можат да станат добри во неа, но можат да ја изгубат способност за фокусирање во она што е најважно, а тоа е способноста за критичко размислување и решавање на проблеми кои се потребни во многу професии и други ситуации подоцна во животот.

Постојат и физички последици. Децата може да имаат болки во зглобовите, како и проблеми со очите, како и болки во вратот и грбот, бидејќи постојано се наведнати над телефоните, таблетите и екраните.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија