Пред околу 13,7 милијарди години се создал нашиот универзум, но што се случувало пред Големата експлозија? Славниот физичар
Стивен Хокинг говореше за тоа што точно му претходело на почетокот на универзумот. Неговиот одговор е - ништо. Сепак, иако одговорот може да се сумира во еден збор, тоа не значи дека не е комплициран.
Хокинг ја искористи формата на Земјата како аналогија за заоблениот облик на континуумот простор-време.
- Според Теоријата на релативноста на Ајнштајн, просторот и времето се соединуваат во континуум простор-време, кој не е рамен, туку заоблен од материјата и енергијата во него - вели Хокинг.
За дополнително објаснување, Хокинг го искористи пристапот на Еквилид кон квантната гравитација. Кај овој пристап, обичното реално време е заменето со замислено време, кое се однесува како четврта димензија.
- Кај пристапот на Еквилид историјата на универзумот во замислено време е четиридимензионална заоблена површина како површината на Земјата, но со уште две димензии - објаснува Хокинг.
Значи вкупно шест димензии. Што значи тоа? Хокинг вели дека тој верува оти универзумот нема граници. Со други зборови, континуумот простор-време е затворена површина без крај, слично како површината на Земјата.
- Може обичното и реалното време да се гледаат како почеток на Јужниот Пол, што е рамна почетна точка на простор-време, каде што владеат нормалните закони на физиката. Нема ништо јужно од Јужниот Пол, па немало ништо пред Големата експлозија - истакнува Хокинг.
Исто како што нема ништо јужно од најјужната точка, така и времето не може да постои пред Големата експлозија. Наместо тоа, времето и просторот се шират од оваа временска точка, исто како и степените на латитуда на планетата Земја.