Во вселената бил откриен мистериозен радиосигнал со сличен начин на пулсирање како отчукувањето на човечкото срце.
Астрономите претпоставуваат дека сигналот доаѓа од галаксија оддалечена околу една милијарда светлосни години, но точната локација и изворот не се познати. Сигналот бил опишан во истражување објавено неодамна во списанието „Нејчр“.
Откриените радиобранови се интензивни, а биле забележани првпат на 21 декември 2019. Астрономите им обрнале внимание бидејќи пулсирањето било необично на повеќе начини.
Сигналот наречен ФРБ 20191221А траел до три секунди, што е околу 1.000 пати подолго од типичните брзи радиосигнали.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay