X
 08.03.2018 Наука

Кинеската вселенска станица „Тиангог-1“ ќе падне на Земјата за неколку недели

kineska

Експертите за воздухопловство издадоа упатства за јавноста во врска со кинеската вселенска станица што се спушта кон Земјата и се очекува да падне за неколку недели.

„Тиангог-1“ е надвор од контрола од 2016 година, а експертите оценуваат дека повторно ќе влезе во атмосферата на почетокот од април. Аеровселенската корпорација, финансирана од Америка, соопшти дека постои шанса мала количина остатоци да преживеат при повторното влегување и стапување во контакт со Земјата.

„Ако ова се случи, остатоците што ќе успеат да паднат на Земјата, ќе паднат во регион голем стотици километри“, вели истражувачката организација и додава дека е мала веројатноста човек да биде погоден од остатоците.

„Веројатноста човек да биде погоден од остатоците е еден милион пати помала од шансите за освојување џек-пот“, вели корпорацијата.

„Во историјата на вселенското летало ниту една личност никогаш не била повредена од паѓање на вселенски остатоци, а само една личност била погодена од парче од вселенските остатоци и, за среќа, не била повредена“.

Сепак, постои можност вселенската станица да носи високо токсична и корозивна супстанција наречена хидразин.

„За ваша безбедност, не допирајте никакви остатоци што можете да ги најдете на земјата. Немојте да ја вдишувате ниту пареата што овие остатоци би можеле да ја испуштаат“, предупредува агенцијата.

Станицата „Тиангонг-1“ била лансирана во 2011 година, поттикната од кинеските амбиции за освојување на вселената. Била дел од планот Кина да биде покажана како глобална суперсила. Вселенската станица била позната како „Небесен дворец“ и спроведувала низа мисии, а во дел од нив биле вклучени и астронаути.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука