X
 19.02.2018 Уметност

Научниците откриле слика скриена зад едно од ремек-делата на Пикасо

Научниците анализирале дело од Пабло Пикасо користејќи технологија со х-зраци и откриле дека делото е насликано над слика од пејзаж од друг непознат артист. Во 1957 година, кога бил во своите 70-ти години, сликарот од Шпанија не размислувал дека еден ден некој ќе ја открие сликата под неговото дело.

фотоизвор: Art Gallery of Ontario

Делото што било анализирано е „La Misereuse Accroupie“ („Наведнатиот просјак“), насликано во 1902 година, а во моментов е изложено во Уметничката галерија во Онтарио. Делото е креирано во текот на „синиот период на Пикасо“, кога најчесто користел монохроматски нијанси на сина и сино-зелена.

Напредната технологија им овозможила на истражувачите да ја откријат другата слика за 24 часа, од сликар од Барселона чиј идентитет не е познат. Со ротирање на делото од уметникот за 90 степени, Пикасо користел некои од формите на пејзажот за своето финално дело.

фотоизвор: Art Gallery of Ontario

Истражувачите пронашле и рани верзии на уметничкото дело кои ја покажувале десната рака на жената, за да биде слична со друга од неговите креации – слика со водени бои наречена „Femme assise“. Тоа значи дека скриената рака под видливата површина на „La Misereuse accroupie“ е десната рака на наведнатата жена во сликата „Femme assise“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност