X
 06.05.2017 Наука

Предизвик од НАСА вреден 14.000 eвра

nasa kod

НАСА објави неколку предизвици со цел да го подобри нивниот „FUN3D“ софтвер кој се користи за да симулира динамика на течноста. Системот се користи интерно во НАСА како и од компании како „Boeing“ и „Lockheed“ за да развие и оптимизира нови возила и мотори.

Проектот „FUN3D“, започнал уште во текот на 80-те, и е во активен развој веќе неколку децении, меѓутоа сега НАСА бара помош за оптимизирање на кодот. Компанијата нуди 14.000 и 12.000 евра награди за првите двајца соработници кои ќе успеат да го забрзаат кодот за симулација, и уште една награда за предлози за општа оптимизација.

„FUN3D“ е извозно контролиран - додека кодот е бесплатно достапен за секој граѓанин на Америка, не е официјално достапен за секој надвор од Америка. Друго кое треба да го имате во предвид е тоа што јадрото, математичкиот дел на „FUN3D“ е напишан во „Fortran“, злогласен програмски јазик развиен во 1950 година кој сè уште е популарен меѓу програмерите.

НАСА вели дека се надева на подобрување на брзината 10x-1000x, што звучи како многу - особено со оглед на фактот што секој што е подобар од НАСА инженерите во „Fortran“ може да направи многу пари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука