X
 09.03.2018 Образование

Бесплатни предавања по филозофија од „Оксфорд“

За да учите фолозофија не мора да одите на „Оксфорд“. А и зошто да одите кога можете да учите од дома. На „Јутјуб“ можете да најдете листа на која има 41 предавање од курсот на „Оксфорд“ наречен „Општа филозофија“.


Фото: Pixabay

Oвој курс може да ви понуди серија предавања на Питер Миликан на студенти од прва година кои студираат филозофија на „Оксфорд“. Предавањата вклучуваат 8-неделен курс по Општа филозофија, кој им се предава на бруцоши. Овие предавања имаат цел да овозможат детално претставување на многу филозофски теми и да го разбудат интересот кај студентите и другите луѓе за размислување за клучни области од филозофијата. Хронолошки разгледувајќи ја историјата на филозофијата, секое предавање е поделено на три или четири дела, кои опишуваат одреден филозофски проблем и како различни филозофи се обиделе да го решат прашањето. За оние што се заинтересирани за големите животни прашања, на пример, како го сфаќаме светот, кои сме ние и дали сме слободни да дејствуваме, оваа серија ќе биде информативна, опсежна и пристапна.

Во курсот се опфатени следните филозофи: Аристотел, Декарт, Хобс, Лок, Беркли и Хјум. Предавањата може да се гледаат на YouTube, iTunes или на страницата на Универзитетот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование