Од фунта до песо, рубља до лира, можеби сте мислеле дека имињата на валутите немаат ништо заедничко. Еден блог-пост од
веб-страницата на Оксфорд речникот покажа дека многу од имињата што светот ги користи за своите пари имаат слични корени.
Динар: Од латинскиот збор „denarius“ што значи римска монета.
Долар: Именуван по долината „Joachimstal“ во денешна Чешка, каде што среброто било минирано. Среброто станало познато како „Joachimsthaler“, подоцна скратено на „Thaler“, „Daler“ итн.
Форинт: Од италијанскиот збор „Fiorino“ што значи златна монета од Фиренца на која е испечатено цвеќе.
Крона/Кроне/Коруна: Од латинскиот збор „сorona“ што значи круна.
Лира: Од латинскиот збор „libra“ што значи фунта.
Песо: Преведено директно од англиски за „тежина“.
Фунта: Од латинскиот збор „pondus“ што значи „тежина“.
Ранд: Од областа „Witwatersrand“ околу Јоханесбург позната по своите златни депозити.
Реал/Риал/Ријал: Од латинскиот збор „regalis“ што значи „кралски“.
Рингит: Од малајскиот збор што значи „остро“, по острите рабови на старите шпански долари.
Рубле: Мерка за тежина за сребро.
Рупии/Рупија: Од санскриптот „rupya“ што значи „ковано сребро“.
Јуан/Јен/Вон: Произлегува од кинескиот карактер 圓 што значи „круг“ или „кружна монета“.
Злоти: Полски збор за „златно“.
SaveSaveSaveSave