X
 15.03.2018 Забава

Одгатнати последните зборови на Нед Старк во „Игра на тронови“

Пред главата да му падне од рамена, Нед Старк промрморе зборови кои гледачите на „Игра на тронови“ веќе со години се обидува да ги одгатне. За среќа, стаса одговорот.



Во најновото интервју, актерот Шон Бин го откри значењето на неговите последни зборови кои гледачите, по се изгледа, ги сфатиле премногу сериозно. Имено, Нед едноставно се молев.

-Се чини дека е така, зарем не? Немав ништо конкретно на памет бидејќи не знаев дали во тој свет во тоа време имало место за религија, каква и да е таа. Едноставно помислив: Што би направил некој кога би му се случило нешто такво? Веројатно би се молел. Веројатно тивко би мрморел неои нешта и би го задржал тоа за себе - објасни Бин.

Актерот исто така ги разочара сите оние кои се надеваат на враќање на Нед.

-Мислам дека таму го сработив своето, создадов добар лик. Би било и повеќе од чудно да воскресне - заклучи тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава