Во последната сезона од серијата „Игра на троновите“ видовме како Серси арогантно гази преку мапата на седумте кралства на Вестерос, метафора која го прикажува нејзиното издигнување.
Новите информации сугерираат дека мапата и натаму ќе биде важна ставка во серијата. Коментарите на продуцентите од седмата сезона се однесуваат на многу специфичниот дизајн на просторијата каде што се наоѓа мапата. Имено, тие барале да биде без покрив, каде што може да се види небото. Како што се верува, причината е да се подготви дејството за наредната, финална сезона.
Како што предвидуваат закоравените фанови, тоа би требало да биде надлетување на змејовите над Кингс Лендинг. Само замислете ја сцената во која Серси, замислена над мапата, ќе ја забележи сенката од змејот што ќе ѝ ја уништи престолнината, пишува
Mashable.
Прашањето е кој ќе биде тој змеј. Оној што фрла оган или оној што е под контрола на ледениот крал?