Новинарката Ајлин Ормбси ја објави својата книга „Најтемниот интернет“ во која се опишува другата страна на интернетот во која навлегуваат само оние најизопачените и каде може да се гледа во живо мачење или пак да се најми платен убиец. Дел од сториите од книгата веќе се објавени на
интернет.
Фото: Pixabay
-Крис Монтеиро зјапа во неговиот компјутер со срцето в петици. Кога двеминутното видео завршува, експертот за сајбер-безбедност го гледа пак од почеток брајќи знаци дека е лажирано. Снимката е неквалитетна и во однос на тоа како е смислена и во однос на продукциската вредност, но содржината е морничава. Запален е бел „Седан“ и оној кој го подметнал пожарот стои пред него, држејќи знак на кој пишува „Посвета од Беса Мафија за Пиратски Лондон. 10 април 2016“ - пишува Ајлин.
Таа објаснува дека „Беса Мафија“ е сајт кој нуди услулги како убиства, а Пиратски Лондон е сајт на Монтеиро. Снимката е реална и е предупредување. Администраторот на сајтот Беса Мафија се претставува како Јура, што сигурно не е неговото вистинско име. Тој им нуди поткуп на оние кои би престанале да ја известуваат јавноста за активностите. Откако новинарката не одговорила на пораките кои ги добила, имејловите почнале да стануваат хистерични и заканувачки. Јура ѝ ветил дека неговата армија од хакери ќе ѝ уништат животот на новинарка и дека детска порнографија ќе биде ставена во нејзиниот компјутер. Инкриминирачки докази ќе бидат поставени на интернет и сите дигитални траги ќе водат до новинарката. Последниот имејл има и друга тактика за замолчување:
-Не ми го знаеш името, не знаеш кој сум, но јас го знам твоето име и знам каде живееш. Ќе ги соберам членовите на мојата мафија и ќе ги испратам да те силуваат, тепаат и уништат. И верувај, ќе бидам успешен. Отстрани ги твоите статии сега. Сите - пишува во имејлот.
Монтеиро и новинарката влегле преку „бекдор“ на сајтот Беса Мафија благодарение на помошта од пријател хакер. Тие ја набљудувале скоја интеракција меѓу најуспешните убијци кои може да се најмат и муштериите. Ги знаат сите нивни валкани тајни, ги следеле биткоините пратени од различни места во светот со нарачки за убиства, тепање или силувања на сопрузи, бизнис партнери или љубовници кои ги одбиле. Во неколкуте кратки месеци, сајтот беше оперативен, но сега платените убијци знаат дека Монтеиро и новинарката знаат и не се среќни за тоа.
-Маскирано лице седи поразено во бетонска ќелија. Покрај него има две чинии за храна за кучиња, едната полна со вода, а другата празна. Пoкрај нозете има ливче хартија на која рачно е испишано: 29 Август #ИСИСИГРИ - објаснува понатаму новинарката.
Додава дека е напишана и веб адреса (URL), која наместо со .com, завршува со .onion, што означува дека само некој кој го симнал „Тоr“ софтверот може да добие пристап. Зборовите кои ги пречекуваат оние кои ќе се осмелат да влезат на сајтот им кажуваат на гледачите што можат да очекуваат на 29 август.
-Со официјални медиумски фотографии и пропаганден материјал од ИСИС ќе ви докажеме дека имаме фатено седуммина многу реални џихадисти од ИСИС. Сето тоа во живо и интерактивно. Нивната судбина ќе биде во вашите раце - се наведува.
„Црвените соби“ ветуваат гледање тортура, која кулминира со убивање на заробеникот во замена за пари. Оние кои сакаат да го гледаат тоа му плаќаат на сајтот со биткоини. Цената варира во зависност од сајтовите, но плаќањето е секогаш предуслов. Одредена сум за да гледате пасивно, повеќе ако сакате интеракција во таканаречена „чат соба“ заедно со други гледачи додека се врши убиството. Постои и режисер. Тоа е лице кое е подготвено да плати најмногу, а за возврат може да наредува и да избира што следно да ѝ се случи на жртвата.
Сепак, оваа црвена соба е поразлична од другите. Прво, бесплатно е. Второ, нема невини жртви кои би биле мачени, сексуално напаѓани и убивани. Тука има фатени терористи на Исламската држава, за кои одмазниците ветуваат бавно да ги мачат до смрт, еден по еден. Како што отчукува часовникот, веста се шири низ форуми, не само на темниот интернет, туку и на обични сајтови. Неколку часа пред да истече рокот, илјадници луѓе од целиот свет се во црвените соби, чекајќи го почетокот на шоуто. Во 00:01 на 29 август 2015 година, сајтот става апдејт: Нека започнат игрите.
Новинарката пишува и за „Уништувањето на Дејзи“ (Daisy's Destruction), кој стана урбана легенда на темниот интернет и на големо се дускутира по форумите. Малкумина тврдат дека самите го виделе видеото, но повеќето имаат само информации од втора рака од пријател на пријател. Деталите за тоа што има на снимката се менуваат во зависност од тоа кој раскажува. Единственото нешто за кое сите се согласуваат е дека може да се најде само на темниот интернет, а за да ја најдете треба да одите на места за кои само неколкумина знаат дека постојат, односно во империја предводена од човек познат само како „Лукс“.
-Таа империја опфаќа неколку сајтови. Еден ветува нецензурирани фотографии, друг видео снимка во живо. Но, Hurt2theCore го привлече вниманието на полицијата. Тоа е најлошиот од сите сајтови, не само во империјата, туку на целиот црн интернет. Лукс го смета за свое најголемо достигнување - пишува Ајлин.
Во место населено од крадци, девијанти, наркомани и педофили, Лукс е горд на неговата репутација како модел на злото. Ајлин опишува како тој тврди дека е американски педијатар, но полицајката се сомнева дека е Австралијанец.
-Таа се приближува. Затоа мора да кликне. Може да ја донесе еден чекор поблиску до негово наоѓање и затворање на неговата злобна империја. На снимката може да се види безлична спална соба, жена, виси над креветот, врзана со јаже за зглобовите, дете не постаро од две години кое вришти во бес и агонија. Пишува „Ова е само тизер. Кажи ми ако сакаш да го видиш остатокот“, а поканата е потпишана од Лукс. Полицајката не сака да го види остатокот, но знае дека тоа е неизбежно додека ѝ се приближува на нејзината жртва. Следбениците на Лукс ќе се качат да му платат за привилегијата да гледаат како животот на малото девојче е буквално уништен и таа ќе мора да го види тоа- пишува Ајлин.
Постои голем интернет простор за кој сите знаеме и не поврзува преку вести, имејлови, форуми, купување и социјални медиуми, но има и паралелен темен интернет до кој пристап имаат само неколку. Обично тие сакаат да останат анонимни и тоа поради добри причини.
Имејлот таму е создаден никогаш да не се откриваат корисниците, вестите и форумите се посветени на нешта поврзани со вистински криминал, но со инсајдерски информации кои ретко се наоѓаат на обичниот интернет. Шопингот се плаќа со криптовалути како биткоин, на пазари кои рекламираат дрога, оружје, алатки за хакирање и друго.
-Изминативе пет години ги поминав истражувајќи го секој ќош од темниот интернет. Пазарував на најтемните пазари, придонесував во форуми, чекав во црвени соби и хакнував сајтови за платени убијци. Некогаш моите активности на интернетот се одлеваа и во реалниот свет и присуствував на судења, се среќавав со криминали и полицајци кои ги следеа, интервјуирав лица од темниот интернет и ги посетував во затвор - стои во книгата на Ајлин.