X
 21.10.2016 Технологија

Во мометов интернетот е мета на голем хакерски напад!



DNS


Нападот започна во источниот дел на Америка, но со огромна брзина ги зафаќа интернет сервисите низ целиот свет.

Сајбер напад предизвика пад на интернетот.

DDoS напад ја прекина работата на системите што ги управува Dyn Inc, еден од најголемите провајдери на интернет услуги во светот. Како резултат на тоа, со функционален проблем се соочуваат низа веб-страници, вклучувајќи ги Reddit, Spotify и Twitter.

Dyn Inc управува со DNS сервисите, кој функционира како адресар или мапа на интернетот, насочувајќи ги корисниците што пребаруваат на своите уреди (компјутери или телефони) до вистинската локација и точната информација.

Според тоа, нападот врз компанијата што го води овој сервер може да предизвика пустош на интернетот од големи размери, прекинувајќи ја работата на веб-страниците. Тоа вообичаено успева со DDoS нападот, при што серверите се погодени со прекумерни пребарувања кои ги оневозможуваат да работат.

Нападот е забележан во источниот дел од Америка, јавуваат од Dyn Inc. Но, бидејќи нападот е  насочен на алатките што им овозможуваат на веб-страниците да се вчитуваат, проблемот лесно може да се прошири низ целиот свет.

Некои луѓе, сепак, успеваат да пребаруваат на интернет преку своите уреди. Тоа се должи на начинот на кој DNS информациите се складирани во некои мрежи, што овозможува пристап до нив, иако серверите се срушени.

Од Dyn Inc. јавуваат дека го мониторираат нападот врз нивната инфраструктура и дека дополнително ќе известуваат согласно напредокот на ситуацијата.  

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија