X
 22.11.2018 Технологија

„Фејсбук“ воведува алатка што ќе ви открие сѐ и сешто

Освен што ќе открие колку време сте поминале на најголемата социјална мрежа, новата алатка ќе ви понуди и други корисни опции.

„Фејсбук“ лансира корисна алатка наречена „Вашето време на Фејсбук“ (Your Time on Facebook), што открива колку време сте поминале на оваа социјална мрежа. Меѓу податоците се наоѓа дневен просек, како и неделно резиме на времето поминато на „Фејсбук“.

Исто така, алатката ја вклучува опцијата „уредување на времето“, наменета за оние што сакаат да го намалат времето поминато на „Фејсбук“.

Тоа значи дека ќе можеме да поставуваме дневен потсетник што ќе нѐ предупредува дека сме го надминале планираното време на „Фејсбук“. За да пристапите до алатката, отворете ја апликацијата „Фејсбук“ на вашиот „Андроид“ или „Ајос“ уред и кликнете на трите хоризонтални цртички за да дојдете до делот „Settings & Privacy“. Потоа, кликнете „Your time on Facebook“.

https://thenextweb.com/apps/2018/11/21/facebook-launches-a-dashboard-for-tracking-the-time-you-spend-in-its-app/

Тука ќе ви се појави графикон што ќе ви покаже колку време поминувате дневно. Дополнително на тоа, можете да си поставите потсетник што ќе ве предупреди кога ќе го надминете дневниот лимит што ќе го поставите. Еве како изгледа известувањето.

2

Освен тоа, можете да престанете да следите пријатели и страници на вашиот „Њуз фид“, односно да имате повеќе контрола над она што го гледате. Алатката едноставно бара да кликнете на икончињата за да престанете да ги следите.

aplikacija
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија