X
 22.06.2020 Технологија

Новата антифејсбук социјална мрежа привлекува сѐ поголем број луѓе

Тим Бернерс-Ли, компјутерски научник кој ја измисли светската мрежа (World Wide Web), е еден од луѓето што стојат зад оваа нова апликација што може да го собори „Фејсбук“. Оваа платформа без реклами посочува дека на фејсбук-корисниците им е смачено од „Фејсбук“ и „Твитер“ поради нивната политичка пристрасност, мешање во изборите и нарушување на приватноста.

Како што велат корисниците на оваа мрежа наречена „МеВе“ (MeWе), во неа се успешно отстранети сите најголеми грешки што ги нервираа корисниците на „Фејсбук“.

- Социјална мрежа изградена на доверба, контрола и љубов - велат од „МеВе“, која веќе има 8 милиони корисници. Најголемата разлика помеѓу оваа мрежа и „Фејсбук“ е во тоа што воопшто нема реклами и корисниците имаат целосен пристап до своите податоци.

Исто така, оваа социјална мрежа се залага за целосна контрола на вестите што се појавуваат на вашата домашна страница, никогаш нема манипулации, ниту менување на постовите. Само корисниците можат да го прават тоа, велат сопствениците на платформата.

mreza
Фото: Screenshot

Во однос на приватноста и дозволите, тие имаат целосна контрола врз овие права. Само корисниците можат да пристапат до содржината. Исто така, не се продаваат лични податоци од корисниците.

- Вашето лице е ваш бизнис. Не користиме технологија за препознавање лица. Имате право да го избришите вашиот профил и да си ја земете содржината - стои во правилата на платформата.

Извор: Tech Times
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија