X
 22.03.2018 Живот

Африка се дели на два дела

Источна Африка се одделува од остатокот од континентит во рамки на голошко случување кое за милион години би можело да го остави континентот без својот „рог“. Сепак, оваа природна појава создава проблеми уште од сега.



Геолошкиот процеп на источната страна од континентот, кој еден ден ќе биде исполнет со вода од океанот, се шири многу побрзо отколку што научниците претпоставуваа. Поради тоа, кенискиот пат Маи Махиу се сруши откако под него се појави пукнатина, истакнаа од кениската Национална управа за автопатишта. Во процепот продрела вода, дополнително влошувајќи го проблемот со создавањето дополнителни пукнатини во земјиштето.

-Големиот процеп ја разделува Африка на две плочи. Утврдивме дека сомалската плоча се одделува од остатокот од континентит со брзина од 2,5 сантиметри годишно. Доколку овој тренд продолжи, сомалската плоча ќе продолжи да се одделува од нубијската плоча, што би можело дополнително да ја загрози постоечката инфраструктура и безбедноста на населението - истакна геологот Дејвид Адеде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучувањето на оваа појава за да можат да ја советуваат владата во врска со најбезбедните места за градење патешти и куќи. Одделувањето на сомалската плоша е предизвикано од движењето на дел од земјината обвивка која пренесува топлина од јадрото на Земјата кон површината.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот