X
 22.03.2018 Живот

Емпатијата е наследна!


Момче му помага на свое другарче да се искачи на карпа
(Фото: Pixabay)


Емпатија, односно способноста за сочувствување со другите луѓе, е резултат од човечкото искуство и воспитување, но врз неа влијание имаат и гените, покажало истражувањето на британски и француски научници. Во големата научна студија во која учествувале повеќе од 46.000 лица се потврдило дека жените, во просек, покажуваат повеќе емпатија од мажите.

Студијата се состоела од генски тестови и ја истражувала склоноста на луѓето кон различни болести. Научниците ја засновале студијата на резултатите од „коефициентите на емпатија“, кои се добивале од одговорите на прашалникот изработен од страна на Универзитетот „Кембриџ“ од 2004 година.

Откако ги проучиле добиените резултати и гените на 46.000 испитаници, анализирајќи ги врз база на примероци од плунка, научниците заклучиле дека емпатијата делумно се наследува преку гените.

Најмалку десетина варијации од гените се поврзуваат со генските фактори, наведуваат истражувачите и напоменуваат дека варијациите што ја намалуваат емпатијата се во врска со зголемениот ризик од развој на екстремна интровертност.

Новото истражување потврдило дека жените, во просек, покажуваат повеќе емпатија во однос на мажите, но таа разлика не е поврзана со ДНК, туку со влијанието на хормоните и социјализацијата, пренесуваат научните портали.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот