X
 10.04.2022 Живот

Како да препознаете дека сте манипулирани од „мрачен емпат“?

Истражувачите велат дека постои карактерна особина која може да биде поопасна од нарцисоидноста бидејќи потешко се забележува. Станува збор за особина која ја имаат лицата кои психолозите ги нарекуваат „мрачни емпати“. Тоа се луѓе што имаат проблеми со емоционалната емпатија или физички ги чувствуваат чувствата на другите.

Ова не е ментална состојба, туку само карактерна особина. Додека нарцисите имаат карактеристики како шарм и не сочувствуваат со другите, мрачните емпати може да имаат негативни карактеристики поврзани со овие особини. Овие лица ги разбираат туѓите емоции и изгледа дека се вклучени во врската, но не преземаат акции за поддршка на другите. Така, овие лица би можеле да ве манипулираат додека држат емоционална дистанца и затоа може потешко да се забележат.

Шегите им се саркастични

Мрачните емпати гравитираат кон манипулативните тактики, како хуморот, бидејќи на тој начин може да влијаат врз некого на индиректен начин. Овие лица често користат сарказам за да прекријат негативни коментари. Тие може и да се шегуваат за некои луѓе што ги сметаат за инфериорни.


Фото: Freepik

Се обидуваат да ви наметнат вина

Вината е друга манипулативна тактика што ја користат овие луѓе. Доколку некој постојано се обидува да ја префрли вината на вас кога не се согласувате со него, можеби е мрачен емпат.

Постојано озборуваат

Луѓето што често озборуваат без причина можеби се мрачни емпати. Овие луѓе практикуваат одмаздливи начини, како зборување за некого зад грб доколку не го добијат посакуваното.

Шармантни се додека не го добијат тоа што го сакаат

Мрачниот емпат може да се согласува со вас додека не го добие тоа што го сака. Тие може да ве стават на пиедестал и потоа да ве турнат од врвот.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот