X
 22.03.2018 Наука

Откриена океанска зона полна со нов вид риби

Еден слој од океанот, кој отсекогаш постои, е толку различен од водите во погорните и во подолните слоеви што морал да добие посебна категорија. Научниците само што ја дефинираа новоименуваната рарифотична зона - слој од океанот на длабочина од 130 до 300 метри. Тоа е „зона на самракот“, каде што има многу малку светлина. Таа се наоѓа во подлабоките гребенски региони.


Рарифотични риби
Фото: Science Alert

Зоната се наоѓа токму под мезофотичната зона, која е на длабочина меѓу 40 и 150 метри. Во мезофотичната зона влегува умерено ниво на светлина и тоа се оптимални води за тропски корални гребени. Новооткриената зона е преполна со претходно непознати видови риба, и тоа е еден новооткриен екосистем. Овие риби се поврзани со гребенските риби, за кои истражувачите не мислат дека би можеле да живеат под мезофотичната зона.

Ова доведе до хипотеза дека новата рарифотична зона може да биде засолниште за гребенските риби од поплитките води кои бараат оддишка од потоплите води и деградацијата на коралите предизвикана од климатските промени.

Има многу нешта за океаните што не ги знаеме едноставно затоа што тешко можеме да пристапиме таму. Благодарение на напредоците во подводните технологии, морските научници успеаја да истражуваат под гребенот во близина на брегот на Курасао. Од 2011 година истражувачи беа вклучени во набљудувачки проект во кој пет лица со подморница одеа до 309 метри под вода и остануваа по осум часа таму.

Таму продира толку малку светлина што не е доволно да се поддржат алгите симбиоти на кои се потпираат коралите. Па, откривањето на гребенските риби било изненадување.

Досега истражувачите набљудувале околу 4.500 рарифотични риби, од 711 различен вид. Поголемиот дел од нив се поврзани со рибите што пливаат погоре околу гребенот. Истражувајќи област од само 0,2  квадратни километри, истражувачите откриле шест нови родови и околу 30 нови видови риби и безрбетници.

- Околу една на пет риби што ќе ги пронајдеме во рарифотичната зона од Карибите е нов вид - истакнува Рос Робертсон, коавтор на нова студија која ги опишува зоната и нејзините жители.

Многу од новите пронајдоци сè уште чекаат официјална анализа и опис, но книгите не се само за жителите на новоименуваните зони. Тие ги предизвикуваат претходните верувања дека по мезофотичната зона, екосистемите веднаш се префрлаат во оние од длабокото море.

Рарифотичната зона е еден вид врска меѓу гребенските зони со средно осветлување и темниот океан надолу, познат како афотична зона. Истражувачите, исто така, предложиле ново име за поплитките води, поплитки од 40 метри, каде што навлегува многу светлина. Таа зона досега не беше именувана, а истражувачите предлагаат да се вика алтифотична.   
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука