X
 09.09.2023 Наука

Еве како ќе изгледа новата подводна истражувачка база што ќе се гради во Велс

Идејата за живот под вода е кошмар за оние што страдаат од клаустрофобија, но и за многу други луѓе. Сепак, ова може да стане реалност за само три години.

Научниците од „ДЕЕП рисрч лабс“, фирма за технологија и истражување на океанот, претстави планови за изградба на подводна база во близина на брегот на Велс, каде што истражувачите би можеле да живеат дури 28 дена без пауза.


Фото: DEEP Research Labs

Базата ќе понуди пристап до епипелагиската зона, каде што се верува дека живеат околу 90 проценти од морските видови. Оваа зона се наоѓа на длабочина од 200 метри.

Во оваа зона има сончева светлина, а научниците ја истражуваат со подморници, но тие може да останат под површината само неколку часа.


Фото: DEEP Research Labs


Фото: DEEP Research Labs

Целта на компанијата е да им понуди шанса на научниците за подолг престој во оваа зона со изградбата на трајната подводна база. Скици од дизајнот на базата покажуваат дека научниците ќе имаат приватни соби и заеднички дневен престој, како и лаборатории.

Извор: Daily mail
Насловна фотографија: DEEP Research Labs
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука