X
 06.03.2019 Наука

Како би се решила мистеријата за летот MH370?

- Ако одите длабоко во водата, длабоко во морето, во центарот на Индискиот или Тихиот Океан, всушност може да пропуштите цели планини - вели Џефриј Ламарч, член на тимот на програмата „Фјучр Тенс“.

71 отсто од површината на Земјата се покриени со вода, а научниците успеале да мапираат само 18 отсто. Тоа значи дека знаеме повеќе за пејзажите на другите планини отколку што знаеме за длабочината на нашите океани.

Меѓународен тим на научници се надева дека ќе го промени ова развивајќи нови технологии што ќе нурнат длабоко под површината на морето. Нивниот проект, наречен „Сибед 2030“, има цел да го мапира целото океанско дно за 10 години, преку надградба на сегашните системи за мапирање.

1
Фото: News Limited


Според ОН, сеопфатната мапа би можела да помогне во глобалните напори за борба против загадувањето и предвидувањето на смртоносни цунами. Исто така, може да помогне во операциите за пребарување и спасување, како и во потрагата на летот МН370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезнал во март 2014 година.

Подлабокото познавање на контурите на океанот би можело на научниците да им даде подобро разбирање за тоа каде се урнал авионот и каде потонал.

Со нивната технологија за скенирање, експертите на „Сибед 2030“ се надеваат дека со помошта од рибарите, научниците и компаниите за океански транспорт ќе успеат да го завршат проектот.

- Потенцијално, секој брод што плови во морето би можел да биде опремен со некој вид звучник што би можел да собере информации од водата и да ги испрати назад во нашиот центар - вели д-р Ламарч.

mapiranje
Фото: News.com.au


Исто така, автономното мапирање би можело да се искористи за да се прикажат делови од океанот ретко посетени од комерцијалните бродови. Крајниот резултат би бил подобра навигациска безбедност и подобро разбирање за мистериозната длабока морска територија на Земјата.

- Луѓето постојано велат дека не сакаме да го допреме дното на океанот бидејќи е премногу чисто, премногу богато, но потребно е да знаеме што има таму за да знаеме како да го зачуваме за идните генерации - изјави д-р Ламарч.

Во јануари индонезиски рибар тврдел дека го видел исчезнатиот МН370. Тој тврдел дека ја снимил точната локација на несреќата. Според него, авионот паднал во Малаканскиот теснец - тесна линија за транспорт, западно од Куала Лумпур, каде што авионот изгубил контакт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука