Нуркањето во океанските длабочини е многу потешко отколку патувањето до вселената. Стотици астронаути успеале да ја посетат вселената, но на прсти може да се избројат луѓето што го посетиле дното на океанот: Џејмс Камерон, Жак Пикард и Дон Валш.
Поради тоа, не знаеме многу што се случува во најдлабоките делови на океанот, особено во таканаречената хадалска зона што се наоѓа 6.000 до 11.000 метри под површината. Иако во оваа зона се наоѓаат 45 отсто од океаните во светот, овој дел од планетата бил и останал мистериозен. Барем досега.
Научниците од Институтот за океанографија „Вудс Хол“ и НАСА ги здружија силите за проектот вреден 1,2 милион долари што ќе изгради робот кој би се спуштил во најдлабоката, хадална зона.
Подморскиот дрон наречен „Орфеј“ го доби името по митскиот грчки јунак Орфеј, кој нурнал во длабочините на пеколот за ја извлече саканата Евридика. Научниците се надеваат дека и нивниот Орфеј ќе се спушти на дното и таму ќе пронајде и фотографира морски свет.
- Ова е сосема неистражено подрачје. Станува збор за доста негостољубива средина за истражување, но знаеме дека живеат различни суштества - изјави Џон Лечти, роботичар од НАСА.
Не е лесно да се нурне до дното. Научниците од WHOI во 2014 година го испратија нивниот робот Нереус, меѓутоа, изгубиле секаква врска кога тој нурнал во длабочини од 9.600 метри. Сега научниците се обидуваат да создадат дрон што ќе биде доволно мал и лесен за еден ден да можат да го испратат и во вселената да истражува други океани. „
Орфеј“ е првиот чекор до таа насока.