Писателот Џорџ Р. Р. Мартин претстави нова серија, додека целиот свет нетрпеливо го чека продолжението на „Игра на троновите“.
Не станува збор за пред-продолжение на приказната од Вестерос (иако оваа серија е во подготовка, но тој не е вклучен во целата приказна), туку станува збор за целосно различен жанр.
Покрај „Песна за мраз и оган“, Мартин е автор на други приказни и книги, од хорор до научна фантастика. Станува збор за научнофантастичен жанр на неговата серија „Ноќни летачи“ (Nightflyers).
Приказната се случува во универзумот „Илјада светови“, заедно со другите научнофантастични приказни на Мартин, и е објавена во истоимената колекција на кратки приказни и новели.
Главните ликови се вселенските истражувачи, кои пред уништувањето на планетата патуваат во длабочината на вселената со бродот „Ноќен летач“. Додека се обидуваат да го поминат мистериозниот вонземски брод, сфаќаат дека патуваат со брзина на светлината во центарот на невиден ужас.
Каналот „Сајфај“ го претстави првиот трејлер на серијата и најави дека таа пристигнува оваа есен, без прецизен датум на премиерата.