X
 26.03.2018 Живот

Дали можете да ја решите загатката стара 73 години?

загатка

Логичкиот проблем со свеќата го измислил психологот Карл Данкер во 1945 година. Всушност, станува збор за експеримент базиран на бихевиорална наука и е наречен „Проблемот со свеќата“.

Во експериментот, вашата задача е да ја поставите свеќата на плутена табла што се наоѓа на ѕидот. Меѓутоа, кога ќе ја запалите свеќата, восокот не смее да падне на масата. Дадени ви се свеќа, кутија со кибрит и кутија со боцки за плутената табла за да ја завршите задачата.

Како ќе ја решите задачата? Кога ќе бидете подготвени, одговорот побарајте го подолу.

задача
Фото: Thinkstock

За успешно да ја извршите оваа необична задача, потребно е да ги извадите кибритчињата од кутијата, да ја закачите кутијата на таблата со помош на боцките и да ја поставите свеќата на кутијата.

Другата опција е да ја испразните и на табла да ја прицврстите кутијата со боцки.

Данкер наведува дека испитаниците што имале проблем да ја решат задачата имале тенденција кон „функционална фиксација“. Станува збор за „ментална блокада поврзана со користење познати објекти на нов начин, за време на решавање проблем“. Конкретно во овој случај, клучниот предмет е кутијата - испитаниците не можат да ја видат како ништо друго освен како предмет што содржи кибрит и боцки.

Интересно е тоа што кога кибритчињата биле надвор од кутијата, испитаниците многу полесно го решавале проблемот.

Поуката од проблемот на Данкер?

Не врзувајте се за вообичаената функција на познатите предмети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот