X
 19.11.2020 Забава

Само 10% од луѓето успеваат да ја решат оваа математичка задача

Математичките задачи предизвикуваат чувство на страв или возбуда, во зависност од тој што ги решава. Еден проблем што кружи на интернет последниов период ќе ве потсети на училишните денови кога чувствувавте страв или возбуда на часовите по математика.

Се смета дека приближно 90% од луѓето погрешно ја решаваат оваа задача. Задачата гласи:

„Еден мост е долг 6.437 километри од почетокот до крајот. Мостот има ограда за пешаци. Во текот на летото, металот кој се користи за оградата за пешаците се проширува за 2,54 сантиметри. Замислете дека крајните точки на оградата се фиксни, а кога металот се шири, тој се подигнува точно на средината.

Пешак стои во средината на мостот во лето. Доколку ја допре средината на оградата, дали пешакот може да препознае дека таа точка е подигната и дека металот се проширил?“

Одговорот на многумина би бил: да.

Еден корисник на „Јутјуб“ успеал да ја реши задачата за помалку од 4 минути. Со помош на Питагорината теорема, тој ја пресметува височината на оградата и покажува дека личноста всушност не може да го допре центарот на оградата бидејќи тој е висок 286 метри. Сепак, станува збор за многу долг мост.

Целосното решение погледнете го во видеото во продолжение.


Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава