X
 02.04.2018 Култура

Интересна идеја: „Метрополитен“ поставува претстава за бебиња


„Метрополитен“
(Фото: Wikipedia)


Со намера да ја „подмлади“ публиката, „Метрополитен опера“ во Њујорк на крајот од април и почетокот од мај на репертоарот ќе постави опера за бебиња, а експертите внимателно ќе ја следат реакцијата на младата публика.

БамбинО“ е дело од шкотскиот композитор Лиам Патерсон кое трае околу 40 минути, а минатата година било изведено на фестивалот во Манчестер.

Операта ќе ја режира Фелим Мекдермот, чија комична опера од Моцарт под наслов „Cosi fan tutte“ моментално се изведува во „Мет“ во реинтерпретација во која дејството е сместено на Кони Ајленд во 60-тите години.

Десет бесплатни изведби на „БамбинО“ ќе бидат на репертоар од 30 април до 5 мај, во помошната сала на „Мет“ – „Лист хол“, строго ќе бидат резервирани за деца од 6 до 18 месеци во придружба на возрасно лице.

На сцената ќе има само двајца пејачи во придружба на двајца музичари задолжени за повеќе инструменти.

Дејството на операта „БамбинО“ се врти околу средбата меѓу една птица и едно пиле, кои не се во роднински односи.

„Во постојаната намера на ’Мет‘ за привлекување идна публика одлучивме да почнеме со најмладите“, коментираше главниот менаџер Питер Гелб.

„Тоа би требало да биде формативно искуство за њујоршките деца“, додаде тој.

„Мет“ се здружи со стручните лица од њујоршкиот Универзитет „Колумбија“, кои ќе ги набљудуваат однесувањата на бебињата во текот на претставата и нивните реакции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура