Промоцијата на сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“ од авторката Наташа Дукоска, во издание на „Чудна шума“, ќе се одржи на 19 ноември, во 13:30 часот во Јавна соба. За подобро претставување на ликовите, организаторите се одлучија да создадат театарска претстава и работилница за деца.
Под мотото „Во недела во Јавна соба облеките ќе оживеат“, децата ќе имаат можност да ѕирнат во светот на облеките и да ги запознаат главните ликови – блузата Лефти и панталоните Рајти.
Белата блуза Лефти и панталоните Рајти, ликови од сликовницата, се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од Театар за тебе, под режија на Изабела Јакимова.
„Театар за тебе“ e организација која е активна една година и континуирано создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е „Марсовски пикник“, а особено се барани и по едукативната претстава „Мобиленд“.
Токму овој тим стои и зад адаптацијата на оваа прекрасна сликовница во театарски перформанс и работилница.
По првата распродадена театарска претстава за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“, закажана е и втора претстава која ќе се одвива истиот ден во 15:00 часот.
Линк до онлајн продажба на билети за вториот термин:
Линк 1:
https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=367
Линк 2:
https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=368