Премиерот на Фиџи, Френк Баинимарама, вели дека климатските промени носат речиси константни смртоносни циклони и дека
Фиџи се соочува со застрашувачка нова ера на екстремни промени на времето против кои не може да се бори.
Фото: Buka
- Поради климатските промени, Фиџи се бори за опстанок - тврди премиерот на островот.
Тој додава дека промените во климата носат речиси постојани смртоносни циклони и дека Фиџи се соочува со застрашувачка нова ера на екстремни промени на временските услови против кои не може да се бори.
Тој ја даде оваа изјава откако циклонот „Џоси“ предизвика поплави и смрт на неколку луѓе на островот Вити Леву во текот на изминатиот викенд. Пред две години циклон усмрти 44 лица и уништи третина од економското производство на земјата.
Баинимарама вели дека силните циклони во регионот станале многу сериозни поради климатските промени.
-Мораме јасно да ја пренесеме пораката до целиот свет за апсолутната потреба да се соочиме со оваа криза. Како нација, почнуваме да ја градиме нашата отпорност како одговор на застрашувачката ера која е пред нас - истакна тој.