X
 28.05.2019 Живот

Банкрот на коцкарница судбоносен за италијанска енклава во Швајцарија

Италијанската енклава на брегот на швајцарското езеро Лугано, Кампионе Д’Италија, се бори за опстанок откако нејзиниот главен извор на приходи, коцкарницата, прогласи банкрот.

„СОС, Кампионе е мртов“ – пишува на огромен натпис обесен наспроти големата десеткатница на казиното во облик на коцка и со затемнети прозорци. Поради банкротот на коцкарницата, 500 жители на гратчето останаа без работа.

 - Оние што имале среќа да се родат тука, имале среќа и да најдат работа. По колеџот и служењето војска, сите пријатели од основно училиште се вратија да работат во казиното - рече Фиоренцо Дориго, кој 21 година работел во казиното.

Но, оваа бајка заврши лани во јули, кога Судот во Комо, одговорен за Кампионе, нареди затворање на казиното бидејќи управата не ги исполнувала своите финансиски обврски кон локалните власти.

Сега следува расправа за тоа како да се спаси гратчето, а некои од идеите се вложување во туризмот и во нови технологии.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот