Оваа фотографија од северниот пол на Јупитер е обработена верзија на она што го забележало леталото „Џуно“ на НАСА кога ја фотографирало планетата годинава.
Научникот Џералд Ајхштат ја создал фотографијата од повеќе кадри направени со
вселенското летало и ја претставил со лажна боја. Таа изгледа различно од она што би го видело човековото око, но со обработката се добива поглед на дивата и ветровита атмосфера на планетата.
На сликата се гледа огромен циклон, а покрај него има помали циклони кои се со големина од 4.000 до 4.600 километри, објаснуваат од НАСА во соопштение.
НАСА им дозволува на сите да обработуваат реални фотографии направени со „Џуно“.
Автор: Аманда Кусер
Извор:
cnet.com