X
 07.04.2018 Култура

Малку познати факти за Смарагдниот Остров


Крајбрежјето на Ирска
(Фото: Thinkstock)


Поради импресивните природни убавини, Ирска ја нарекуваат и Смарагдниот Остров. Ви ги претставуваме десетте помалку познати факти за оваа величествена земја.

1. Даблин се гордее со фактот што има еден паб на секој 100-ти жител во главниот град. Најстариот ирски паб – „Барот на Шон“ – се наоѓа во градот Алтон, а се верува дека потекнува од 900 година.

2. Просечниот Ирец секоја година пие околу 95 литри пиво, па така земјата се наоѓа на шестото место по бројот на корисници на овој пијалак во Европа. Повеќе пиво се пие само во Чешка, Германија, Австрија, Естонија и во Полска.

3. Во просек, мај е најсувиот месец во годината. Овој е често користен факт ако планирате да ја посетите оваа преубава земја.

4. По заминувањето во пензија, Ирците најчесто одат на одмор на Канарските Острови.

5. Ирска има најмал број пријавени сведочења за забележани неидентификувани летачки објекти (НЛО) на небото од сите европски земји.

6. Белата куќа ја дизајнирал ирскиот архитект Џејмс Хобан, кој емигрирал од местото Калан во Килкенија во САД, по завршувањето на американската војна за независност.

7. Во 2002 година Ирска била првата земја во светот што вовела данок на пластичните кеси кои можат да се набават во продавниците и супермаркетите.

8. Муканагедердаухаулија е крајбрежно гратче во грофовството Галвеј и ја носи титулата за место со најдолго име во Ирска.

9. Дришин е национално ирско јадење. Станува збор за вид кашесто јадење кое се прави од свинско месо, кравја, свинска и овча крв, леб, зобни снегулки и маснотија.

10. Поимот „бојкот“ потекнува од ирскиот капетан Џејмс Бојкот. Првпат е официјално употребен во напис во магазинот „Интер оушен“ на 12 октомври 1880 година.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура