X
 23.07.2022 Живот

Германска пивница нуди пиво во замена за масло за јадење

Пивницата „Гисингер“ во Минхен нашла начин како да се справи со недостигот на масло за јадење поради војната во Украина - им дозволува на гостите да плаќаат со масло.

- Целата работа започна затоа што едноставно останавме без масло во кујната и моравме да бидеме инвентивни - изјавил менаџерот на пивницата, Ерик Хофман.

Маслото за јадење бргу исчезнува од полиците во супермаркетите во Германија откако почна војната во Украина.

- Многу е тешко да се дојде до масло... ако ви требаат 30 литри неделно, а наместо тоа добивате само 15, во еден момент веќе нема да може да пржите шницли - изјавил Хофман.

Тој открил дека гостите досега „замениле“ 400 литри масло за пиво во пивницата.

Во германските пивници еден литар пиво чини околу 7 евра, а шише масло за јадење од еден литар се продава за околу 4,5 евра.

Извор: Capital
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот