Нов наслов ги задржа корисниците на „Нетфликс“ пред екраните. Станува збор за серијата „Момче го голта универзумот“ (Boy swallows universe), која има седум епизоди.
Приказната е сместена во предградие на Бризбејн во 1985 година, а ги следи средношколецот Илајџа и неговиот постар брат, кои живеат со својата мајка која страда од зависност и очувот. Илајџа има проблеми со насилници на училиште и со својот очув, а истовремено се допишува со пријател кој отслужува затворска казна.
Серијата веќе има солидни 86 отсто на „Ротен томејтос“ и оцена 8 на ИМДБ. Таа е адаптација на истоимена книга на Трент Далтон, а приказната е инспирирана од детството на авторот.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)