X
 18.03.2017 Наука

Колку вреди квалитетниот сон?

Подобрувањето на вашиот квалитет на спиење е добро за здравјето и среќата колку и освојувањето на лотарија, вели најново истражување од Универзитетот во Ворвик.

После анализирањето на навиките во спиење на повеќе од 30.500 луѓе во период од четири години, научниците од Одделот за психологија откриваат дека спиењето го подобрува расположението слично како кога човек ќе освои џекпот од 140.000 евра.

Истражувањето, објавено во списанието „Sleep“ покажува дека како што спиењето на луѓето се подобрувало со текот на времето, така се подобрувале и нивните резултати поврзани со прашалникот за општо здравје, кој бил искористен од професионалците за ментално здравје со цел да ја следат психолошката благосостојба на кандидатите.

Водечкиот автор д-р Никол Танг вели дека истражувањето покажало подобрувањето на квалитетот и квантитетот на спиењето кај населението е ефикасен, едноставен и евтин начин на подигнување на здравјето и благосостојбата на општеството во целина. Но, таа предупредува за користењето на апчиња за спиење за одмор.

„Сегашните наоди укажуваат на тоа дека позитивните промени во спиењето се поврзани со подобра физичка и ментална благосостојба на луѓето“, вели д-р Танг.

Генерално, на возрасните потребни им се седум до девет часа сон меѓутоа се` зависи од поединецот. Различни луѓе имаат потребна од различна количина на сон, и тоа зависи од возраста, животниот стил и гените.

Марк Винворд, директор на Психолошки услуги советува дека не е добро за викендот да се спие повеќе, како и тоа да се избегнува кофеинот пред легнување.

„Ако не можете да заспиете после 20 минути, станете и правете нешто друго - релаксирајте се со музика или читање. Вратете се во кревет само кога ќе се почувствувате уморни“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука