X
 09.11.2023 Наука

На Земјата често паѓаат камења од Марс, но нешто е чудно со нивната старост

Иако луѓето сè уште не стапнале на Марс, научниците имаат можност да ги проучуваат камењата од оваа планета. Имено, некои парчиња завршија во вселената откако друго тело удри на Марс, прелетаа низ Сончевиот Систем и конечно завршија на нашата планета.

При собирањето на таквите примероци научниците забележале необична шема - тоа биле делови од карпи кои се формирале на Марс релативно неодамна, што е чудно ако се земе предвид дека огромен дел од површината на Црвената Планета е на постара возраст.

Научниците знаеле дека постои можност да направат големи грешки при одредувањето на староста на карпите. Но, тие одлучиле подетално да ги анализираат и на нивно изненадување, резултатите покажале дека голем дел од нив биле прилично млади, односно на возраст од неколку стотици милиони години.

- Од одредени хемиски карактеристики знаеме дека овие метеорити се дефинитивно од Марс. На Марс има десетици илјади ударни кратери, така што не знаеме точно од каде потекнуваат овие метеорити. Најлесен начин да дознаеме е да ја одредиме возраста на примероците - вели вулканологот Бен Коен од Универзитетот во Глазгов.

На Земјата се најдени околу 360 примероци од метеорити и е утврдено дека потекнуваат од Марс. Околу 302, односно повеќето од нив, припаѓаат на шероготити, тип на карпи богати со метал што настанал по вулканска активност.

Врз основа на површината на Црвената Планета, која е преполна со кратери, научниците процениле дека се работи за прилично стара почва. Имено, доколку површината беше помлада, односно да произлегуваше од вулканска активност, протокот на лава би избришал многу кратери.

Затоа, секое камче од површината на Марс што е разнесено во вселената поради удар на некое тело би требало да биде прилично старо. Но, тоа не е случај со камењата што завршија на Земјата бидејќи се помлади од 200 милиони години.

Ова доведе до појава на таканаречениот парадокс на ерата на шерготит, кој со децении ги мачи научниците. Објаснувањата за оваа енигма се движеа од истото потекло за сите помлади шерготити до идејата дека ударот можеби ја загреал и ја скршил карпата до тој степен што некако „влијаел“ врз нејзината старост. Но, ниту една теорија не одговара на доказите - самите карпи.

Аргон-аргон датирање

Научниците ја одредуваат староста на шерготит преку датирање со аргон-аргон, кое се заснова на распаѓање на радиоактивниот калиум во аргон. Бидејќи оваа стапка на распаѓање произведува специфичен сооднос на изотопи на аргон, научниците можат да користат анализа на сооднос за да утврдат колку долго се случило радиоактивното распаѓање и на тој начин да го датираат примерокот.

Проблемот е тоа што тука на Земјата можеме да земеме предвид различни извори на аргон кои можат да навлезат во примерокот, што не е така лесно за шерготитите формирани на Марс. Постојат пет потенцијални извори на аргон за шерготит на Црвената Планета, во споредба со само три за карпите на Земјата.

За да го надминат тој проблем, Коен и неговите колеги развија метод за корекција на контаминација со аргон од Земјата и вселената.

- Кога го направивме ова, датирањето со аргон-аргон покажа дека тоа се млади карпи, што беше во совршена согласност со другите методи, како што е ураниум-олово - објаснува Коен.

Научниците претпоставуваат дека наоѓањето помлади карпи од Марс може да се објасни со честите удари што ја разбиваат постарата површина, изложувајќи и исфрлајќи помлади карпи.

Извор: Science Alert
Фото: Flickr/NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука