Антрополозите велат дека Инуитите, чиј свет е полн со се, имаат минимум 50 збора за различни облици на снег. Децата на Инуитите ги учат тие зборови и ги поврзуваат со конкретни облици на снег така што го слушаат и го следат контекстот во кој возрасните ги користат тие зборови. Слично на тоа, кога родителите зборуваат за широкиот спектар на емоции, децата учат да ги разбираат своите и
емоциите на другите луѓе. Разбирањето и прифаќањето на емоциите е прв чекор во контролирањето на истите.
Ако се прашувате како постојат 50 различни емоции, ќе ви се допадне тркалото на чувства, направено од страна на Глорија Вилкокс, која живописно го илустрирала богатиот збир од емоции кои се јавуваат кај луѓето. Емоциите се напишани на англиски јазик и не е можно преводот да се направи на вистински начин. Но, можете да ги насочите своите размислувања во правец на четири основни чувства:
1.
Среќа, која вклучува љубов, уживање и мир. Ова е нашата природна состојба.
2.
Страв, кој претставува реакција на закана и вклучува и ужаснување, анксиозност (страв од непозната закана), грижа (страв од конкретна закана) и чувства на беспомошност и неможност за одбрана. Кај цицачите се случува да кога ќе почувствуваат страв, како одбрана користат бес.
3.
Тага, која е реакција на губење или разочарување и тука се вбројуваат жалењето, депресијата и осаменоста. Мнозинството луѓе против овие чувства се борат со бес и лутина.
4.
Лутина, односно реакција на каква било закана, која вклучува раздразнетост, фрустрација и бес. Запомнете, кога лутината не се искажува, лицето може да ја пренасочи кон себе, па да настане депресија и замреност.
Како да ги запознаете децата со емоциите? Едноставно набљудувајте како се чувствуваат вашето дете и другите луѓе и коментирајте на прифатлив начин, односно не осудувајќи и со тоа научете ги децата да ги препознаваат чувствата кај себеси но и кај другите луѓе. Во текот на денот ловете ги чувствата на детето и зборувајте за нив.
- Изгледш изнервирано.
- Види како скокаш, мора да си возбуден за нешто.
- Разбирам, се чувствуваш посигурно кога знаеш што ќе се случи. Исто и јас.
- Те слушам. Не сакаш спанаќ и не би сакал никогаш повеќе да го видиш.
Кога разговарате за ова со детето, обидете се да го заобиколите пристапот како што е „држење лекција“. Наместо тоа, запрашајте се како би го поттикнале на размислување. На пример:
- Ако си лут, што би можел да направиш за тоа?
- Ако си лут затоа што ти се срушила куќичката која си ја направил, што можеш да направиш да го поправиш тоа?
- Дали донесуваш подобри одлуки кога си лут или кога си смирен?
- Што ти помага да се орасположиш кога си лут?
Ако видите некое друго дете како плаче, можете да го прашате:
- Оној батко/ онаа дадичка изгледа ташно. Што мислиш зошто?
- Што мислиш дека му треба? Што сака?
- Можеме ли ние некако да му помогнеме?
Ваквите прашања му помагаат на детето да развие емпатија. На пример, ако родителите ги прашаат своите деца што нивниот помал брат или неговата помала сестра мисли, чувствува или сака, кај детето се развива поголемо сочувсвто кон сестрата или братчето и со тоа тие ќе имаат поквалитетен однос. Кога родителите им читаат книги на децата за тоа како се чувствуваат другите деца, позитивните чувства и реакции кај детето се зголемуваат, а нивото на агресија кон врсниците се намалува.
Доколку родителите ги претставуваат емоциите како дел од богатиот човеков живот и за нив зборуваат позитивно, тогаш и мало дете може да научи да препознава голем број емоции - што е, како што веќе напишавме, прв чекор во нивното управување.