X
 18.03.2019 Живот

Езерото Урмија полека исчезнува

Некогаш најголемото солено езеро на Блискиот Исток - Урмија во Иран полека, но сигурно исчезнува.

За само 20 години големата солена површина со 120 острови во близина на турската граница се намалила за 10 отсто поради многу високите температури. Од 70-тите години на минатиот век езерото е помало за дури 90 отсто.

Причина за тоа е изградбата на брани и дупчењето што го спречува протокот на вода од шеесетина околни реки и притоки. Поради тоа, значително се зголемил салинитетот на водата и тоа влијаело врз многубројните животински видови што тука опстојуваат. Дури и ендемски видови ракови, кои можат да поднесат големо количество сол, повеќе не можеле да се приспособат на промените во Урмија.

За да го заштитат езерото од исчезнување, УНЕСКО и СЗО употребуваат технологија за наводнување фарми и спречуваат илегално дупчење. Сезонските дождови помагаат езерото да не пресуши, но тоа не е доволно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот