Исто како и црвениот тепих и музичките настапи, и говорите на актерите на „Оскарите“ се традиција. Оние што ја гледаат церемонијата знаат дека актерите што зборуваат предолго се принудени да ги завршат говорите така што се пушта музика. Ова не било дел од церемонијата отсекогаш.
Причина за воведувањето е рекордно долгиот говор на актерката Грир Гарсон на церемонијата одржана во 1943 година.Таа го добила својот прв и единствен „Оскар“ за најдобра актерка за улогата во „Госпоѓа Минивер“ (англ. Mrs. Miniver).
Веќе поминал 1 часот по полноќ кога Гарсон се качила на сцената за да ја прими статуетката, а нејзината награда била доделена последна. Сепак, тоа не ја спречило да зборува подолго од сите победници пред неа. Нејзиниот говор траел речиси 7 минути, а водителката дури седнала за време на говорот.
Гарсон го држи рекордот за најдолг говор на „Оскарите“ на сите времиња и се смета дека е причина за ограничувањето на времето на говорите на идните церемонии. По нејзиниот говор, повеќе актери зборувале иако во заднината била пуштена музика, но никој не зборувал приближно толку долго како неа.
Од 2010 г. наваму актерите имаат само 45 секунди за своите говори, што значи дека Гарсон ќе остане рекордерка уште долго.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Принтскрин/Youtube