Лејди Гага и Бредли Купер на свечената церемонија на доделувањето на „Оскарите“ ги воодушевија присутните со емотивна изведба на песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“.
Тие беа наградени со громогласен аплауз и пред да излезат на сцената. Не недостигаше хемијата меѓу нив, а со оглед на тоа дека успеаја на сцената да ја пренесат магијата од филмот, присутните едноставно останаа без здив.
Во текот на настапот Гага свиреше на клавир и уште еднаш воодушеви со своите вокални способности. Таа за песната „Shallow“ доби „Оскар“ во категоријата најдобра оригинална песна, која ја прими со солзи и му се заблагодари на Бредли Купер затоа што верувал во нив двајца.
Во својот инспиративен говор упати и силна порака до сите гледачи на церемонијата.
- Ова е напорна работа. Напорно работев долго време. Овде не станува збор за тоа да победите, туку за тоа да не се откажувате. Доколку имате сон, борете се за него -
порача Лејди Гага.