X
 13.12.2023 Култура

Објавени првите предвидувања за „Оскар“ - еве кои се фаворитите

Неодамна беа објавени номинациите за „Златен глобус“, а со тоа и официјално беше отворена сезоната на доделување на престижните холивудски награди.

Најмногу номинации добија филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“, што беше и очекувано со оглед на тоа што публиката одамна не присуствувала во толкав број во кината. Но, тоа не значи дека ќе им биде лесно во трката за „Оскар“, каде што има жестока конкуренција.

По номинациите за „Златен глобус“, љубителите на филмот со нетрпение ги очекуваат номинациите за филмската награда што сите во Холивуд ја посакуваат.

Познатото списание „Варајети“ направи сериозна листа со предвидувања за тоа кои би можеле да бидат кандидати за „Оскар“.

Најдобар филм


„Варајети“ предвидува дека меѓу кандидатите за најдобар филм може да се најдат „Maestro“, Оppenheimer“, „Killers of the Flower Moon“, „Past lives“, „Zone of interest“, „Barbie“, „The Holdovers“ и „May December“.

Како најголем фаворит е наведен „Oppenheimer“.

Режија


Меѓу кандидатите за најдобар режисер се Кристофер Нолан за „Оppenheimer“, Мартин Скорсезе за „Killers of the Flower Moon“, Џонатан Глејзер за „Zone of interest“, Јоргос Лантимос за „Poor Things“ и Селин Сонг за „Past lives“.

И во оваа категорија како фаворит се издвојува Кристофер Нолан.

Најдобар актер


Како најголем фаворит во оваа категорија, „Варајети“ го гледа Бредли Купер за неговата одлична трансформација во биографскиот филм „Maestro“.

Негови сериозни конкуренти се: Килијам Марфи за улогата во „Oppenheimer“, Колман Доминго во „Rustin“, Пол Џамати во „The Holdovers“ и Џефри Рајт за улогата во филмот „American Fiction“.

Најдобра актерка


Меѓу номинираните за „Оскар“ би можеле да бидат следните актерки: Ема Стоун за улогата во „Poor Things“, Натали Портман за „May December“, Кери Малиган за „Maestro“ и Сандра Хилер за улогата во филмот „Anatomu of a Fall“, додека како фаворит се издвојува Лили Гледстон за улогата во филмот „Killers of the Flower Moon“.

Најдобар актер во споредна улога

Прогнозите се дека меѓу номинираните ќе бидат Роберт де Ниро за улогата во филмот „Killers of the Flower Moon“, Роберт Дауни Џуниор за улогата во филмот „Oppenheimer“, Рајан Гослинг како Кен во „Barbie“, Чарлс Мелтон за улогата во филмот „May December“, а најголем фаворит е Марк Рафало за улогата во филмот „Poor Things“.

Оригинално сценарио


Следниве филмови можат да бидат номинирани за оваа категорија: „Past Lives“, „May December“, „The Holdovers“, „Anatomy of a Fall“

Како најголем фаворит „Варајети“ го издвојува филмот „Barbie“ на Грета Гервиг.

Адаптирано сценарио

Меѓу потенцијалните кандидати би можеле да се филмовите: „All of Us Strangers“, „American Fiction“, „Killers of the Flower Moon“, „Oppenheimer“.

Во оваа категорија најголем фаворит е „Poor Things“.

Оригинална песна


Во оваа категорија веројатно ќе се најдат две песни од филмот „Барби“. Првата ја изведува Били Ајлиш, „What Was I Made For“, а другата е „I'm Јust Ken“.

Предвидувањата се дека меѓу номинираните ќе се најдат и песни од филмовите „The Super Mario Bros. Movie“, „Rustin“ и „Flamin Hot“.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube3
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура