X
 18.03.2022 Наука

Откриена е клучна разлика помеѓу омикрон и оригиналниот вид на коронавирусот

Неодамнешните лабораториски експерименти покажаа дека омикрон може да преживее на различни површини и е заразен подолго од изворниот САРС-КоВ-2.

Како дел од студијата, истражувачите покривале различни области на собна температура со капки заразни вируси од оригиналната верзија на коронавирусот и од омикрон BA.1.

Откриле дека на мазни површини, како што се стакло, челик и пластични плочи, омикронот е заразен дури и по една недела, додека честичките на оригиналниот САРС-КоВ-2 не биле заразни четвртиот ден на челик и пластични плочи, односно седмиот ден на стаклени површини.

Резултатите беа објавени на веб-страницата bioRxiv, која сѐ уште не го поминала стручниот преглед.

На салфетката и хартијата за пишување, оригиналниот вирус повеќе не бил заразен по 30 минути. Омикрон се покажал заразен дури и по 30 минути, но не по еден час, покажаа наодите.

Сите варијанти на коронавирусот се целосно деактивирани по 15 секунди изложеност на средства за дезинфекција на рацете на база на алкохол.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука