Се`уште не е познато зошто одредени луѓе се левучари. Знаеме дека само по тоа сме слични со неандерталците. Водителите на популарниот научен серијал The Curious Cases of Rutherford & Fry кој се емитува на BBC зборувале повеќе на оваа тема.
Зошто левучар се толкава реткост? Особено кога нивниот број ќе се спореди со луѓето кои подобро слушаат на левото уво кои ги има околу 40 проценти. Оние кои подобро гледаат со левото око, се околу 30 проценти, а оние кои топката ја удираат со лева нога, ги има околу 20 проценти.
Левучари има само 10 проценти. Ова е интересен факт ако се земе предвид дека нашите сродници – шимпанзата подеднакво ги користат двете раце. Ова не било случај со неандерталците, бидејќи и кај нив само 10 проценти од популацијата биле левучари. Денеска се знае дека причината поради која луѓето пишуваат со лева рака лежи во генетиката. Но, се`уште не се знае кој ген точно е одговорен за тоа. Има истражувачи кои сметаат дека ова е поврзано со некој талент или хендикеп.
Нема докази дали навистина левучарите се подобри архитекти или пејачи, како што нема докази ни дека таквите луѓе се склони кон дислексија и аутизам. Она што со сигурност може да се утврди дека левучарите или оние кои пишуваат со десна рака може да се препознаат уште кај фетусот.
Ако ги цицаат левите палци ќе бидат левучари, ако ги цицаат десните палци ќе пишуваат со десна рака. Сепак девет од десет фетуси сепак се склони кон своите десни палци. Сите други истражувања се некомплетни.