X
 22.06.2019 Наука

Мозокот на гитаристите се разликува од мозокот на другите

Нема ништо подобро од свирење на гитара. Слушањето додека некој свири на гитара може да биде смирувачко, предизвикува емоции, а ритамот што произлегува од гитарата може да го извлече најдоброто од една песна. Многу гитаристи сметаат дека свирењето гитара е смирувачко и медитативно.

Но, како свирењето на гитара влијае врз мозокот?

Сè повеќе и повеќе научни истражувања анализираат зошто луѓето што свират на гитара имаат различни мозочни функции од оние што не свират. Она што го откриле било зачудувачки и потврдено од многу гитаристи кои инстинктивно го знаат длабоко во себе.

Мозокот на гитаристите може да се синхронизира

Истражување од 2012 година спроведено во Берлин ги анализирало мозоците на гитаристите. 12 свирачи на гитара свиреле иста музика додека нивниот мозок бил скениран.

Во текот на експериментот, тие откриле дека се случува нешто необично на секој пар учесници - нивните мозоци се синхронизирале едни со други. Што значи ова? Нервните мрежи пронајдени во областите на мозокот поврзани со социјалното сознание и производството на музика биле најмногу активирани кога учесниците свиреле на нивните инструменти. Со други зборови, нивната способност да се поврзат едни со други додека свират била исклучително силна.

Гитаристите имаат повисока интуиција


Интуицијата е опишана како „способност да се разбере нешто инстинктивно, без потреба од свесно расудување“ и ова е токму она што се случува кога двајца луѓе заедно свират на гитара.

Способноста да се синхронизираат нивните мозоци произлегува од развиениот интуитивен талент што покажува дека гитарите имаат одредена духовна вредност за нив. Не само што нивните мозоци се синхронизираат, туку и можат да го предвидат она што треба да дојде пред и по сетот на акорди без свесно да знаат. Ова ја објаснува хемијата помеѓу свирачите во бендовите и зошто многу бендови вклучуваат браќа кои имаат уште посилна врска.

Сите знаеме дека музичарите имаат многу брз и креативен мозок, но се чини дека гитаристите имаат нешто плус. Наречете го зголемена интуиција или духовен елемент - како и да е, докажано е дека гитаристите се исклучителен вид.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука