Насловена како „Париски рефлексии“, изложбата на која ќе бидат претставени македонските основоположници што живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни ќе биде отворена денеска во Националната галерија во Чифте-амам. На изложбата ќе бидат изложени дела од основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски и автори од втората и третата генерација македонски едуцирани уметници, дела во кои се чувствува влијанието на Париз: Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.
- „Париска школа“ е називот за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание врз развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20 век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати на регионалните универзитети и академии за ликовни уметности - посочуваат од Националната галерија.
„Париска школа„Париска школа“ е називот за сите уметници кои по првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност се дел од таа популарна „Париска школа“. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20 век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои.
фото: ФБ-страница на Националната галерија