X
 18.03.2022 Живот

Зошто облакодерите во Хонгконг имаат дупка во средината?

Секој што првпат ќе го посети Хонгконг, без претходно да се распраша или да прочита за тамошната култура, ќе се изненади кога ќе види згради со дупки во средината.

Тие не се направени случајно, а потекнуваат од старото верување дека просторот има влијание врз судбината на луѓето што живеат во него, таканаречената теорија на фенг шуи.

Овие дупки се обично правоаголни и, како што многумина ги опишуваат, тие се класичен пример за фенг шуи во практика.

Фенг шуи е древна кинеска практика на усогласување на предметите со природата со цел да се привлече среќата.

Дупките во облакодерите се наречени „змејски порти“. Имено, во фенг шуи се верува дека змејовите мора да имаат слободен премин од планините до водата, а секој предмет што им го попречува патот ризикува со лош фенг шуи.

„Портите на змејовите“ се јасен знак за тоа дека сè уште е важен фенг шуи. Според медиумите, жителите на Хонгконг сè уште вработуваат мајстори по фенг шуи, често за голема плата, за да работат со архитектите со цел нивните згради имаат најдобар проток на енергија.

Затоа ретко се случува да се изгради облакодер без да се консултира некој од експертите за фенг шуи.

Така, лошиот фенг шуи на Банката на Кина е виновен за многубројните банкроти на компаниите во негова близина.


Извор: Bizlife.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот