23.01.2019
Живот
Хонгконг со закон ќе го казнува навредувањето на химната
Законодавците во Хонгконг претставија контроверзен закон со кој ќе се казнува навредување на државната химна со три години затвор и речиси седум илјади долари.
Хонгконг е посебен административен регион на Кина каде што сличен закон беше донесен во 2017 година.
Казните се предвидени за сите што „јавно и намерно ќе ја навредат химната“ или за употреба во комерцијални цели, соопшти канцеларијата за Устав и континентални работи во Хонгконг.
Во соопштението се истакнува дека Законот, кој треба да биде донесен подоцна годинава, е со цел да се обезбеди достоинство на химната.
Слични закони постојат и во Сингапур, Малезија и во Тајланд, каде што химната на кралското семејство е заштитена со закони против велепредавство.
По објавувањето на информацијата, група продемократски демонстранти се собраа пред владиниот кабинет во Хонгконг во знак на протест против предложениот закон. Тие носеа транспарент на кој пишуваше „Слобода на славењето (пеењето)“.
Извор: МИА