X
 18.03.2024 Образование

ФИНКИ бара дислоцирање на БРО и привремено решавање на просторниот проблем

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во соопштение го изрази незадоволството од нерешавањето на проблемот со обезбедување простории за најголемиот технички факултет во Македонија, на кој студираат повеќе од 5.000 студенти.

На седницата на Управата на ФИНКИ одржана денеска, на која се расправало за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на факултетот, биле донесени следните заклучоци:

1. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФИНКИ) на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19.5.2023.

2. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 3 месеци да обезбеди простор и изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

3. Доколку Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на Факултетот, односно повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на Факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот задржува право, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк.

Во продолжение можете да го прочитате целото соопштение:


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование