X
 18.04.2017 Технологија

Апликации кои му се потребни на секој студент

Во денешно време, технологијата ни дозволува на нашите паметни телефони да имаме низа апликации кои ќе ни бидат од голема помош. Ова се неколку кои се одлични и препорачливи за студентите:


Фото: Freepik

1. „TED“


Истражете повеќе од 2.000 „TED Talk“ од извонредни луѓе, од областа на технологијата и науката, па и психологијата.

Можете да пребарувате низ целата архива, а достапни се преводи на над 100 јазици. Може да креирате свој „ TED“ профил и да откриете одлични, инспиративни говори, а и да ги зачувате на било кој уред.

2. „Elevate“ – умствени вежби


Колку повеќе вежбате со оваа апликација, толку повеќе ќе ги подобрите вашите когнитивни вештини, а со тоа ќе ви се зголеми и продуктивноста и самодовербата. Оние кои тренирале 3 пати неделно, изјавиле дека нивната самодоверба драматично се зголемила.

Можете да пронајдете над 40 игри за умствени вежби, за меморија, математика, прецизност, концентрација и слично.

3. „Programming Hub“ – кодирање

Ова е една од апликациите кои може да се користат за сите програмски јазици. Содржи голема количина на примери, курсеви и вежби. Вклучени се „C, C++ “, „Java“, „HTML“, „JavaScript“ и др.

Апликацијата нуди брзо пронаоѓање на програми, споделување, а кога ќе ја спуштите потоа не е потребно поврзување на Интернет за да ја користите.

4. „Math Tricks“

Оваа апликација е дизајнирана за студенти кои сакаат да научат интересни математички трикови за да си ги подобрат вештините за калкулација. Триковите ќе им помогнат да решаваат математички проблеми многу побрзо.

5. „Duolingo“

Со оваа апликација можете да вежбате говорење, читање, пишување на странски јазик и тоа на навистина забавен начин. Ќе си го подобрите вокабуларот и граматиката од јазикот кој сакате да го совладате. Забавен начин за учење странски јазици и тоа бесплатно. Постојано добивате информации за нивото на кое се наоѓате. Навистина ефикасна апликација која можеби е и приближно еднаква на нивото на изучување на странски јазик на универзитетите, се разбира ако се користи подолго време. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија