Ако вашиот ПИН-код е 1234, тогаш навистина мора веднаш да го промените. Не треба да го имате најчесто користениот ПИН-код.
Дата-базите со лозинки постојано се хакираат. Така, лозинките што стануваат познати јавно се користат за да се креираат табели преку кои може да се анализира и да се изучува што најчесто се користи, каде се применува и слично. Ник Бери, вработен како научник за податоци во „Фејсбук“, анализирал нумеричка база на лозинки. Најпопуларните лозинки со 4 цифри се 1234 и 1111.
Ова е листа со 15 популарни ПИН-кодови, рангирани од најмногу до најмалку користени:
• 7063, 0.001131 проценти
• 6093, 0.001131 проценти
• 6827, 0.001101 проценти
• 7394, 0.001101 проценти
• 0859, 0.001072 проценти
• 8957, 0.001042 проценти
• 9480, 0.001042 проценти
• 6793, 0.001012 проценти
• 8398, 0.000982 проценти
• 0738, 0.000982 проценти
• 7637, 0.000953 проценти
• 6835, 0.000953 проценти
• 9629, 0.000953 проценти
• 8093, 0.000893 проценти
• 8068, 0.000744 проценти
Сега, кога гледате дека 8068 е најмалку користениот
ПИН-код, тоа не значи дека треба тој да го користите. И не практикувајте да ги користите броевите како замена за буквите кои соодветно се поставени на самата тастатура.