Почетник сте или можеби веќе подолг временски период професионално се занимавате со спортска активност? Без разлика на која група ѝ припаѓате, важно е да знаете што треба да преземете за да го намалите ризикот од повреди. Повредите се појава што им се случува и на најискусните и не само што можат да ве спречат да ги постигнете посакуваните резултати, туку може и да предизвикаат болка што трае подолг временски период.
Меѓу најчестите повреди со кои се соочуваат луѓето што спортуваат рекреативно или професионално спаѓаат: исчашување на грбот, повреди на рамената,
колената и Ахиловата пета,
глуждот, како и истегнување на тетивите. Постојат неколку аспекти на кои треба да внимавате за да го минимизирате ризикот од овој вид повреди и да го доведете телото до степен да може да издржи поголем физички напор.
Истегнување и загревање
Еден од најчестите совети што ќе ги добиете е дека за ја спречите појавата на повреди, пред вежбање задолжително треба да се истегнете. Во суштина, истегнувањето ја подобрува подвижноста, флексибилноста и навистина е важно да го применувате за да спречите појава на одредени повреди, но уште поважно од истегнувањето е
загревањето. Токму затоа, најдобро е истегнувањето да го направите по загревањето или комплетно на крајот од вежбањето.
И секако, не заборавајте дека после напорен тренинг, треба да ги изладите мускулите. Имајте предвид дека тренингот претставува напор и затоа соодветно закрепнување на мускулите е нешто што задолжително треба да го практикувате. Во тоа ќе ви помогне Алга Сан Мобил Гел Интензив, специјално наменет за третман на мускулатурата после спортување.
Градење мускулна маса
Градењето на мускулната маса е една од клучните работи што ќе ве заштитат од повреди – колку ви се посилни мускулите, толку поголем напор можат да издржат. Па така, доколку имате една група слаби мускули, тогаш токму таа група е најизложена на повреди. Дури и доколку сте личност која редовно тренира, одредена група мускули ви се посилни, од другите и во суштина треба да знаете кој дел од телото ви е „силна“, а кој „слаба“ страна. Најлошото што можете да го направите е доколку за краток период почнете да правите премногу интензивни вежби и со тоа ја оптоварите мускулатурата што е послаба. Прво научете ја правилната техника на вежбање, а потоа зголемете го интензитетот, односно тежината на вежбањето.
Правилен начин на вежбање
Одредувањето на вистинскиот интензитет на вежби е една од клучните работи за да ги спречите повредите, но исто толку важно е како вежбате. Секоја вежба има техника што треба да се следи – доколку не ја почитувате, ги изложувате мускулите на неправилни движења и со тоа ги зголемувате шансите за појава на повреди.
Разновидност на вежби
Никогаш немојте да практикувате само еден тип вежби и со тоа да оптоварувате само една група мускули. Неопходно е да ги зацврстите сите групи мускули, што значи дека добро треба да ја осмислите неделната програма на вежби. Како што споменавме претходно, колку ви се послаби мускулите, толку се поголеми шансите за да се повредите. Дури и ако имате една конкретна цел, како што е на пример јакнење на рацете, ова не значи дека треба да правите вежби само за раце. Напротив, исклучително важно е да практикувате вежби за целото тело.
Дајте му одмор на организмот
Секој физичка активност е напор за организмот. Ова значи дека на телото му треба соодветен одмор за да може да се рехабилитира. Ако мислите дека силниот и премногу чест интензитет на вежбање ќе донесе само добри резултати, грешите! Клучно е да спиете добро, да направите пауза (барем еден ден неделно во кој нема да практикувате никаква физичка активност) и да внесувате правилна исхрана. Храната му дава енергија на телото (особено е важно да внесете јаглехидрати при долги и исцрпувачки тренинзи), а воедно и им овозможува на мускулите да закрепнат (поради ова неопходно е да внесете протеини).
Што да преземете во случај на повреда?
Дури и оние што професионално се занимаваат со физичка активност, барем еднаш се имаат соочено со некаков вид повреда. Генерално, при физичка активност, многу често страдаат зглобовите и колената, токму поради тоа што постојано се на „удар“. Доколку и покрај сè горенаведено сепак се соочите со повреди, особено важно е правилно да ги третирате за да се рехабилитирате успешно и за кратко време.
Прво и најважно, мора да одморате. Секоја повреда е различна, но не смеете да продолжите со исто темпо на вежбање кога чувствувате болка, односно имате посериозна повреда. Потоа, треба да примените соодветен третман за лекување на болните места.
Allga San Арника гелот е токму наменет за третман на контузии, тапи повреди, истегнувања и исчашувања кај мускулите, тетивите и зглобовите. Овој гел ги намалува отоците и ги лади болните места, а воедно е погоден за спортска масажа. Неговите состојки длабоко продираат во кожата и ја намалуваат напнатоста и болката.
Доколку, пак, се соочувате со болки во колената, се препорачува употреба на Allga San акут Гену – специјална маст за колена која ги опушта затегнатите мускули и зглобови. Оваа маст се нанесува на болното место, а покрај тоа што помага за третман на болките во колената, воедно го подобрува телесното здравје.
-комерцијален текст-