Низ светот очигледна е појавата на индустрија за обука на мозокот на човекот, заснована на идејата дека можете да ги подобрите вашата меморија, внимание и моќ на размислување преку вистински ментални вежби. Веројатно сте виделе софтверски компании и веб-страници што продаваат игри со цел да ги зголемат вашите когнитивни способности. Можеби сте ги пробале оние програми за обука на мозокот. Без разлика дали тие можат да ги исполнат ветувањата, останува отворено прашањето - особено со оглед на тоа што научно истражување од Универзитетот „Кембриџ“ заклучи дека не постојат докази за поддршка на широко прифатеното верување дека редовната употреба на обука и тренинг на мозокот го подобрува општото когнитивно функционирање кај здравите учесници.
Но не треба да губиме надеж. Голем број други научни истражувања сугерираат дека физичките вежби, за разлика од менталните вежби, може значајно да ги подобрат нашите когнитивни способности, од детството до староста. Едно истражување предводено од Чарлс Хилман, професор по кинезиологија и здравје на Универзитетот во Илиноис, откри дека децата што редовно вежбаат покажуваат значителни подобрувања. Тие биле подобри во способноста да ги блокираат ирелевантните информации и да се концентрираат на задачата.
Охрабрувачки, вежбањето има придобивки и кај возрасните. Едно истражување што се фокусира на постарите лица што доживеале благ степен на когнитивно оштетување покажале дека отпорот и аеробната обука ја подобриле нивната просторна и вербална меморија. Друго истражување покажало дека тренирањето може да го забави намалувањето на мозокот, процес што се јавува природно со возраста.
Веројатно се прашувате која е вистинската доза на вежбање за
мозокот? Истражување спроведено од Центарот за Алцхајмерова болест при Универзитетот во Канзаз открива дека малите дози на вежби можат да доведат до когнитивни подобрувања. Така, на пример, пешачењето 20 до 25 минути неколку пати неделно е доза на вежба што може да ја постигне речиси секој од нас, а може да помогне да го задржиме мозокот остар како што минуваат годините.